Земјоделски решенија

Земјоделство и заштита на култури

Контакт

Одржливост - се движиме напред со земјоделството – најголемата работа на земјата

Здравата и вкусна храна е од суштинско значење за нашето општо здравје и благосостојба. Сепак, светот се соочува со предизвикот на прехранување растечка популација со ограничени ресурси. Земјоделецот како производител на храна има улога со растечко значење во денешното општество. Затоа за нас земјоделството е најголемата работа на земјата.

Подолго од 100 години, BASF заштита на култури испорачува постојани иновации во земјоделството, не само за храна, туку исто и за добиточна храна и производство на влакна. Горди сме на нашиот придонес во заштитата и зголемувањето на приносите на културите, како и на заштитувањето на домовите и складираното производство.

BASF и фармерите заедно соработуваат за да го унапредат одржливото земјоделство. Работиме со земјоделците да ја заштитиме земјата што ја поседуваат за да им ја предадат на идните генерации и да ги исполнат растечките очекувања на општеството. Ова го правиме со убеденост, страст и силна посветеност:

  • Ветуваме дека ќе ги оспособиме земјоделците да одгледуваат поквалитетна храна, поефикасно. Ќе го направиме тоа со инвестирање и обезбедување повеќе од решенијата што им се потребни на земјоделците.
  • Ветуваме дека ќе ги поддржиме земјоделците да постигнат подобар живот за нив самите, за семејствата и нивните заедници. Ќе го направиме ова со обезбедување пристап до иновативна земјоделска експертиза, професионални знаења, услуги и технологии.
  • Ние ветуваме дека никогаш нема да ја загрозиме безбедноста. Ќе ги обезбедиме информациите и професионалното знаење што им е потребно на земјоделците да ги користат нашите производи и услуги одговорно што ќе им овозможи да работат во безбедна средина и да произведуваат безбедна храна, добиточна храна и влакна.
  • За продуктивно земјоделство е потребна здрава средина. Во сè што правиме, ќе го исполниме нашиот дел од грижата за животната средина и ќе оставиме позитивно наследство за идните генерации.

Запознајте го нашиот тим на BASF и научете повеќе за идеите и програмите што прават разлика кај фармерите и руралните заедници низ светот.

Знаеме дека има уште да се работи. Ќе се движиме напред заедно. Од земјоделците, со земјоделците и за земјоделците.

Повеќе за одржливоста

Безбедност на храна

Безбедност на храна

Во текот на последните четириесет години, научниот напредок им обезбеди на потрошувачите широк спектар на достапна, висококвалитетна храна. Сепак, модернизацијата на земјоделството доведе до нова загриженост помеѓу потрошувачите, особено за користењето на пестицидите.

Прочитај повеќе
Биодиверзитет и земјоделство

Биодиверзитет и земјоделство

Земјоделците работат на ‘првата линија’ со природата и животната средина. Тие се повеќе од свесни дека од заштитата на екосистемите ќе имаат долгорочни придобивки и тие и другите. Во таа смисла, спречувањата на загубата на биодиверзитетот е една од најважните задачи за земјоделците и земјопоседниците.

Прочитај повеќе
Здравје на земјоделците

Здравје на земјоделците

Подготовката за примена на заштитата на растенијата започнува доста време пред отворањето на канистерот со пестицид. Од соодветна заштитна опрема па до вистинското време на примена има безброј фактори што треба да се земат предвид.

Прочитај повеќе
Пчели и земјоделство

Пчели и земјоделство

Пчелата има суштинска улога во опрашувањето на расцветаните растенија, вклучувајќи ги и насадите. Најпосле, една третина од храната што ја јадеме зависи од опрашувањето, вклучувајќи ги бадемите, јаболката, бобинките, краставиците и бостанот.

Прочитај повеќе
Управување со води

Управување со води

Каква разлика може да направи еден земјоделец?

Прочитај повеќе
Top