Земјоделски решенија

Земјоделство и заштита на култури

Контакт

Биодиверзитет и земјоделство

Земјоделците работат на ‘првата линија’ со природата и животната средина. Тие се повеќе од свесни дека од заштитата на екосистемите ќе имаат долгорочни придобивки и тие и другите. Во таа смисла, спречувањата на загубата на биодиверзитетот е една од најважните задачи за земјоделците и земјопоседниците.

Како најголема хемиска компанија на светот, BASF е вклучена во заштитата на екосистемите и спречување на загубата на биодиверзитетот со децении досега. Подолу, ви обезбедуваме сеопфатни информации за нашето истражување и нашите проекти на ова поле и особено ви ја препорачуваме тематската брошура за „Биодиверзитет и земјоделство" како и двата подетални трудови од Европската организација на земјопоседници (ELO) и Европското здружение за заштита на култури (ECPA) во нашиот дел за изданија.

Брошура

Работење за одржливо земјоделство во Европа

Мрежа на фарми, партнерство со BASF

Преземи

Кога земјоделството и биодиверзитетот одат рака пода рака

Кога земјоделството и биодиверзитетот одат рака пода рака

Мерки како цветни алеи, грамади со камења и хотели за инсекти создаваат важни живеалишта за животните од тие предели. Поминете виртуелна тура по нашата патека со информации за биодиверзитетот за да видите како земјоделството со високи приноси и биодиверзитетот може да одат рака под рака.

Прочитајте повеќе
Истражувања на животната средина во Одделот за заштита на култури во BASF

Истражувања на животната средина во Одделот за заштита на култури во BASF

Дали модерното земјоделство е компатибилно со биодиверзитетот и заштитата на животната средина? Може ли производите за заштита на културите да обезбедат добар принос на културите без да ја оштетат животната средина? Тоа е токму она на кое што работиме: во Одделот за заштита на култури во BASF посветен тим работи на истражувања на животната средина за да се гарантира дека нашите производи се подобни за животната средина. За одржливо земјоделство.

Погледнете го видеото
Top