Земјоделски решенија

Земјоделство и заштита на култури

Контакт

Здрави култури значи здрава храна

Во текот на последните четириесет години, научниот напредок им обезбеди на потрошувачите широк спектар на достапна, висококвалитетна храна. Сепак, модернизацијата на земјоделството доведе до нова загриженост помеѓу потрошувачите, особено за користењето на пестицидите.

За земјоделците, пестицидите се важна алатка во нивното севкупно портфолио за управување со насадите. Предизвик е да се испорачаат приноси со големо количество, висок квалитет, со достапни цени додека истовремено се исполнуваат високите стандарди кои ги бараат и потрошувачите и продавачите.

Заштита на култури за висококвалитетни и големи приноси

Културите мора да се натпреваруваат со 30.000 видови плевел, 3.000 видови валчести црви (нематоди) и 10.000 видови инсекти кои јадат растенија, од кои сите може сериозно да влијаат на приносот при жетвата. Габичните болести кои природно се појавуват исто така ги загрозуваат незаштитените растенија. Тие не само што се способни да предизвикаат значителни загуби кај родот туку растенијата исто така може да бидат контаминирани со микотоксини, високотоксични супстанции кои ги произведуваат самите габи.

Денес, треба да сме благодарни што сериозните потфрлања кај родот или појавата на глад кај земји со добро развиени земјоделски сектори се минато. Сепак, земјоделците сè уште губат 20 до 40 проценти од нивниот годишен род поради плевели, штетници и болести на растенијата. Без заштита на културите, оваа бројка би била двапати повисока.

Безбедноста на прво место

Пестицидите се авторизираат само ако првенствено е преземена независна експертска проценка на ризик – под збир на неповолни околности вклучувајќи високи маргини за безбедност – и ако експертизата конзистентно потврди дека сите остатоци кои ќе останат по правилното користење на производот се под безбедносните нивоа за потрошувачите. Во однос на користењето, земјоделците ги следат добрите земјоделски практики, следејќи го принципот на користење пестициди само кога е потребно и тогаш, што е помалку можно.

Како дополнение на безбедносните стандарди, издвоени трговски стандарди наречени Максимални нивоа на остатоци (MRL) исто така се користат да се провери дали пестицидот е правилно применет.

Надминувањето на максималните нивоа на остатоци вообичаено не претставува ризик за здравјето, бидејќи трговските стандарди вообичаено се многу пониски од безбедносните ограничувања кои, самите по себе, вклучуваат широки безбедносни маргини. Сепак, тоа укажува дека пестицидот не е употребен правилно. Индустријата за заштита на насадите секое прекршување на трговските стандарди го согледува како неприфатлива практика и е посветена на елиминирање на овој проблем.

Како дел од Истражувањето за перспективите на земјоделството на BASF беа интервјуирани повеќе од 1.800 земјоделци и 6.000 потрошувачи од Бразил, Индија, Франција, Германија, Шпанија и САД. Истражувањето покажа дека иако мнозинството потрошувачи го согледуваат земјоделството како професија и имаат голема почит за земјоделците и работата што ја работат, тие исто така признаваат дека има потреба да се зајакне постојната улога на земјоделците во заштитата на животната средина.

Прочитајте повеќе за Истражувањето за перспективите на земјоделството на BASF.

Специјални прскалки на биолошки мирис како прскалките за феромон на BASF се алтернативен начин за контрола на штетниците. Тие имаат предност со тоа што немаат физички контакт со културата, а сепак ги контролираат лозовиот и јаболковиот молец кои влијаат на квалитетот и приносот на овошјето.

Програмите за распрскување на BASF што ги комбинираат хемијата и биологијата ги оспособуваат земјоделците ефективно да ги контролираат штетниците, а истовремено да ја осигураат безбедноста на храната. Додека биолошките фунгициди сами по себе не може соодветно да ги контролираат стапките на инфекција, хемиските фунгициди иако нудат доволна контрола, не може да се применат кратко пред периодот на собирање на родот.

Во Индија, како дел од проектот Samruddhi, вработените на BASF ги подучуваат земјоделците за ѓубрење, стапка на сеење, оставање на потребен простор и соодветно користење на пестициди со прикажувања на терен.

Во 2009 година, BASF ја иницираше програмата за управување со болести и штетници Uvas sin fronteras („Грозје без граници") да им помогне на производителите на трпезно грозје во Чиле да ги исполнат строгите барања на извозните пазари во однос на ограничувањата на остатоци.

Прочитајте повеќе за проектот Samruddhi.

Прочитајте повеќе за проектот Samruddhi.

Top