Земјоделски решенија

Земјоделство и заштита на култури

Контакт

Здравје на земјоделците

Подготовката за примена на заштитата на растенијата започнува доста време пред отворањето на канистерот со пестицид. Од соодветна заштитна опрема па до вистинското време на примена има безброј фактори што треба да се земат предвид. За да се максимизираат резултатите и да се спречи непосакуван контакт на производите и со луѓето и со животната средина, корисно е да се искористи предноста на широкиот спектар на информации и поддршка што ги имаме на располагање: поддржуваме обуки, нудиме детално разработени брошури за нашите производи и исто така обезбедуваме детални информации на етикетите на производот.

Начини на изложување

Кога работите со производи за заштита на растенијата, од суштинско значење е да ја користите соодветната заштитна опрема за да спречите случаен контакт со производите. Ова важи не само во текот на примената, туку исто така за подготовката и фрлањето во отпад на пример на празните канистери. Oд наша страна придонесуваме така што ги правиме производитe и контејнерите безбедни и лесни за користење. 

Правиме безбедноста да биде лесно достапна

Ветуваме дека никогаш нема да ја загрозиме безбедноста. И го правиме тоа со обезбедување на информации и професионално знаење што им е потребно на земјоделците да ги користат нашите производи и услуги одговорно што ќе им овозможи да работат во безбедна средина и да произведуваат безбедна храна, добиточна храна и влакна. Нашите производи не се единственото нешто што постојано настојуваме да го подобриме – ние исто така постојано работиме на иновации што ќе овозможи ракувањето со нив да биде полесно и побезбедно.

Еко канистер

Трудејќи се да ги опфатиме потребите на земјоделците кои редовно работат со нашите производи за заштита на растенијата, создадовме канистер што го подобрува и ракувањето и безбедноста – два аспекти што често се запоставуваат кога се работи за заштита на растенијата.

Резултатот беше Еко канистерот, кој има посебен дизајн што го намалува истурањето и гргорењето така што плакнењето и истурањето може да се оптимизираат. Но има уште повеќе докажани предности, и за земјоделците и за животната средина: лесното ракување може да ви заштеди до 25 проценти од времето што обично го трошите за ракување со канистерот, а поефикасната употреба овозможува да се искористи секоја капка од производот.

Ова е само моја или сечија работа?

  • Прочитајте ги етикетите на производите и следете ги упатствата.
  • Носете соодветна лична заштитна опрема додека ја подготвувате мешавината за прскање.
  • Без претходно мешање, додајте го производот директно во резервоарот за прскање.
  • Трипати исплакнете ги празните контејнери.
  • Заштитете се себе си во текот на апликацијата на производот.
  • Изберете соодветна лична заштитна опрема.
  • Користете опрема за прскање со затворени кабини.
  • Вратете го празниот и исплакнат контејнер во системот за рециклирање контејнери.
  • Исчистете ги ракавиците пред да ги извадите.
  • Чистете ги заштитните одела одделно од личната гардероба.
  • Преземете дејства на деконтаминација по ненамерната контаминација.
  • Побарајте медицински совет доколку не се чувствувате добро.

Да одиме напред – сега и долгорочно. За посветла иднина во земјоделствотот

Наша цел во овие минати страници е да ви дадеме импулс за мали, но ефективни промени во секојдневниот живот што може да придонесат за посветла иднина за земјоделството, за животната средина и со тоа за сите нас. Се надеваме дека успеавме да ве инспирираме да преземете дејства и да станете дел од ова движење кон поодржлив пристап во земјоделството и иднина што ветува.

Како може да направам разлика?

Како што е споменато погоре, секој мал придонес значи – често и повеќе отколку што сме свесни за тоа. Од едноставно влегување во дискусија и предизвикување на интересот на другите луѓе за темата, до предлагање подобрувања што може да инспирираат трајна промена, постојат многу опции за и вие да се вклучите.

Top