Земјоделски решенија

Земјоделство и заштита на култури

Контакт

Управување со води

Каква разлика може да направи еден земјоделец?

Одговорност заедно со синџирот на вредност

Веруваме дека нашата одговорност започнува со идентификување можности за подобрување на производот и барање иновативни решенија и продолжува со користењето и фрлањето на производите во отпад, виртуелно опфаќајќи го целиот животен циклус. Нашите напори започнуваат со развивање нови производи и технологии што не оспособуваат да користиме достапни ресурси, особено земја и вода што е можно поефикасно, да нудиме обуки за да промовираме добри практики на заштита на културите. Исто така соработуваме со влади и здруженија за да го утврдиме потенцијалот за синергии во управувањето, а сето тоа со цел за придонес за светла и одржлива иднина.

Нашата посветеност кон животната средина

Безбедност на водата

Без сомнеж, водата е основен ресурс и за човекот и за природата, а нејзината заштита и конзервација ни се една од главните грижи. Притисокот од општеството и законодавството дополнително да се намали загадувањето на водните басени со производи за заштита на културите тековно се зголемува и ние дејствуваме според тие законски барања и настојуваме да постигнеме дури и повисоки стандарди. Сепак, за да го постигнеме ова, зависиме од вашата помош.

Ние во BASF согледуваме голема можност за намалување на загадувањето на водата со усвојување на практични мерки што водат кон намалување и на загадувањето на конкретно место и на дифузното загадување, и ние сме вклучени во неколку мрежи и иницијативи за заштита на водите што обезбедуваат експертиза и промовираат најдобри практики за сите професионални корисници на пестициди, како што е проектот на ЕУ TOPPS (www.topps-life.org).

И вие имате придонес – секој од нас е пример

Има многу начини за да се вклучите и да придонесете за поодржливо користење на ресурсите и многу од мерките со кои ние работиме се евтини и едноставни за примена. Најважно, резултатот што ќе го постигнете најверојатно ќе биде умножен, бидејќи ќе дејствувате како амбасадор за одржливо земјоделство и ќе ги охрабрите колегите да ги следат вашите чекори.

  • Избегнувајте извори на загадување на конкретно место од истурање, миење на прскалки и остатоци. Секогаш кога е можно, чистете ја прскалката внатрешно и надворешно во нивата, одсалечени повеќе од 10 метри од водните басени и бунари.
  • Ако нивата се граничи со површинска вода, користете прскалки со намалено прскање и почитувајте најмалку 5 метри на тампон зони со постојана вегетација (нетретирана) покрај басените со површинска вода.
  • Внимавајте на нивите што имаат висок ризик од истекување: преземете мерки да го минимизирате истекувањето од нивите и избегнувајте користење на пестициди непосредно пред (> 48 часа) посилни врнежи од дожд (> 5mm).
  • Избегнувајте нанесување на производ за заштита на растенија врз дренирани подрачја непосредно пред (>48 часа) врнежи од дожд и кога се испушта течноста.

Глобални перспективи за водата

Водата е основна за економски и социјален развој. Иако голем дел од површината на земјата е покриен со вода, водата може да биде ресурс што може да се користи само кога е соодветна за потрошувачка од страна на луѓето, индустријата или земјоделството.

Штедење на водата

Top