Земјоделски решенија

Земјоделство и заштита на култури

Контакт

Како работи AgCelence®: Зголемување на асимилација на азот

Кога растенијата асимилираат азот, ги користат азотните соединенија амониум (NH4) и нитрат (NO3) за да создадат азотни органски соединенија, како на пример, протеини. AgCelence® производите ја зголемуваат асимилацијата на азот преку зголемување на активноста на нитрат редуктаза во растенијата.

За одгледувачот, резултатот е повеќе достапен азот за раст на растенијата и како резултат на тоа, повисоки приноси и поголем профит при жетва.

Ефект на позеленување

Ефектот на позеленување, често забележан по употребата на AgCelence® производот, е предизвикан од зголемена асимилација на азот. Се произведува поголема маса на лисја. Зелената боја е поинтензивна и растенијата остануваат зелени подолго време. Во овој период, растенијата продолжуваат да асимилираат и да создаваат принос.

Како што е прикажано на сликата, растенијата комплетно созреваат во догледно време и покрај фазата на позеленување. Меѓутоа, третираните растенија зреат побавно од растенијата коишто не биле третирани со AgCelence® производите. Одгледувачите коишто ги користат AgCelence® производите имаат поголем принос.

AgCelence® предизвикува и понатамошен физиолошки процес којшто го поттикнува ефектот на позеленување. Прочитајте повеќе за ова во „Инхибиција на биосинтеза на етилен“.

Top