Земјоделски решенија

Земјоделство и заштита на култури

Контакт

Како работи AgCelence®: Инхибиција на биосинтеза на етилен

Нитратната редуктаза, којашто е веќе спомената, ослободува азотен оксид (NO) во растителните клетки што предизвикува понатамошни важни процеси, како што е инхибицијата на синтезата на етилен.

Етилен е хормон којшто растенијата го произведуваат како одговор на стрес. Исто така, растенијата произведуваат етилен како резултат на повреда, кога созреваат, пред губење на листот, цветот или пред клеточна смрт предизвикана од патоген. Растенијата жртвуваат важни придонесувачи за приносот, како што се лисјата, цвеќињата или лушпи за да се намалат ефектите од стресот. Намалувањето на произведувањето на етилен e начин за ограничување на оваа природна реакција. AgCelence® производите базирани на F500 предизвикуваат растенијата да покажуваат помалку симптоми на стрес. Ова значи дека за време на фазата на стрес, тие произведуваат помалку етилен.

Неважно е на каков вид на стрес се изложени растенијата. Меѓутоа, голем број на истражувања се извршени за време на стрес од суша, што претставува сѐ поголем проблем во многу региони и може да предизвика значителни загуби на приноси.

Подобрата толеранција на стрес со употреба на AgCelence® производите може да се измери со следење на намаленото ниво на производство на етилен кај растенијата. Во горенаведениот графикон се прикажува мошне супериорниот ефект на AgCelence® производите применети на соја.

Што значи тоа за одгледувачите? На тој начин имаат поголема доверба дека ќе ги достигнат зацртаните приноси и имаат одреден степен на независност од климатските влијанија врз растот на културите. Во кратки црти, придобивките од AgCelence® нудат посигурен поврат во врска со приносот и квалитетот.

Способноста на растенијата третирани со AgCelence® производите подобро да го издржат стресот од суша е особено добро истражена.

Толеранција на културите на суша

Растенијата под стрес од суша произведуваат повеќе етилен. Ова предизвикува стареење. Лисјата почнуваат да овенуваат и да умираат. Губењето на зелените лисја ја ограничува способноста на растенијата доволно да фотосинтезираат и како резултат на тоа да го максимизираат потенцијалот за принос.

Кога културите се третирани со AgCelence® производите, а потоа подлежат на стрес:

  • Емисиите на етилен се намалени
  • Се влијае на управувањето со стомите за да се одржи фотосинтезата до одреден степен
  • Растот на растенијата може да се намали, но сепак продолжува
  • Помалку е веројатно да се појави предвремено зреење
  • Културата многу подобро го издржува стресот, со поголем принос и подобрен квалитет на култури отколку што инаку би бил случај.

Пченицата третирана со AgCelence® производите продолжува да расте и при стрес од суша. На графиконот се прикажани резултатите од испитувањата на BASF каде што житните култури третирани со AgCelence® производите постојано произведуваат повеќе зрна со помалку вода. Количината на вода потребна за производство на 1 kg зрна се намалува со намалување на содржината на влага во почвата. Придобивката од AgCelence® обично не може да помогне кога има повеќе или помалку достапна влага за културата. Меѓутоа, во случаи кога растението преживува, но со критично исцрпени приноси, AgCelence® производите нудат значителна помош во намалување на стресот и зголемување на приносот во споредба со она што можело да биде.

Ефект на позеленување

Подобрената толеранција на стрес доведува до ефект на позеленување којшто е документиран во бројни испитувања. Во услови на стрес, растенијата продолжуваат да фотосинтетизираат и да растат, благодарение на намаленото произведување на етилен во растенијата. Ова е и доказ за управување со стоми предизвикано од AgCelence®.

Top