Земјоделски решенија

Земјоделство и заштита на култури

Контакт

AgCelence® за сојата

Сојата е глобално важна култура, која обезбедува масло и протеини за исхрана, но важна е и во индустријата за добиточна храна.

Таа е значаен извор на комплетни протеини и може да биде еден од чекорите за потпомагање на глобалниот недостиг на храна. Затоа, земјоделците насекаде низ светот се обидуваат да ги исполнат зголемените барања со поддршката на извонредните резултати на производите AgCelence®.

Може да бидете сигурни дека инвестицијата во здрава и јака соја ќе ви се исплати.

Ефектите AgCelence® врз сојата се: повисок принос

Многу одгледувачи на соја пријавуваат повисоки приноси по користењето на производите AgCelence®. Во практичен тест AgCelence® значително ги подобри различните параметри за принос кај различни генотипови на соја.

Во региони со екстремни временски услови производите на AgCelence® помагаат сојата да биде потолерантна кон сите видови на абиотички стресови..

Поконкретно, AgCelence® го подобрува никнувањето на посевите со соја што има суштинско значење за резултатите на растението во раната фаза на раст како и во следните фази на раст. На пример, ефикасноста на растението значително се зголемува како резултат на максималната искористеност на ресурсите (пр. хранливи материи и вода). Според тоа, културата е помалку чувствителна на абиотички стрес и може да го достигне својот целосен потенцијал на принос. Освен тоа, самото растение е позелено со подобрената фотосинтеза. Земјоделците може многу лесно да го уочат т.н. ефект на зеленеење, а со станува видлив ефектот на AgCelence®. Комбинираните резултати доведуваат до поголема единична тежина на семките на сојата и повеќе подлошки.

Најпосле, AgCelence® ги поддржува земјоделците да постигнат повисока профитабилност и ги прави поуспешни.

AgCelence® влијае врз сојата: зголемена толеранција на стрес и виталност

Реактивните видови кислород (ROS) се произведуваат и во клетки што не се под стрес и во клетки што се под стрес, но растенијата одговараат на стресот така што произведуваат ROS во значително зголемени нивоа. Еден од штетните ефекти на ROS е оштетувањето на ДНК. Растенијата ги надминуваат штетните ефекти на ROS така што произведуваат ензими што се хранат со ROS, како на пр. супероксид дисмутаза (SOD). Тоа е една од најважните одбрани, кога ќе се поврзе со неопходните настани на прочистување за целосна детоксификација од ROS.

Во теренско истражување AgCelence® доведе до зголемена активност на супероксид дисмутаза (SOD) кај различни генотипови на соја.

Ова значи дека растенијата третирани со производите на AgCelence® развија помалку симптоми на стрес и подобро растеа под стресни услови.

Top