Земјоделски решенија

Земјоделство и заштита на култури

Контакт

Clearfield® обезбедува ефективна контрола на плевелот во тек на целата сезона

Clearfield® им обезбедува вредност и придобивки за контрола на плевелот на одгледувачите. Контрола на плевелот е важна задача за време на периодот на растење на културите. Clearfield® им дава на одгледувачите флексибилност за заштита на растенијата само кога е потребно.

Придобивки за земјоделците и животната средина:

  • Ефикасно против голема количина на плевел
  • Помала ерозија на почвата
  • Помало нарушување на корисните инсекти
  • Помала потрошувачка на енергија

Clearfield® се состои од две компоненти: Clearfield® семиња и Clearfield® хербициди. Врз основа на традиционалните техники за одгледување на растенија, Clearfield® семињата се толерантни на одредена класа на хербициди. Clearfield® хербициди се специјално наменети да се применуваат по појавата и да обезбедат одржлива и ефективна контрола на плевелот во текот на целата сезона.

Производи за семиња толерантни на хербициди

  • Толеранција на хербицид заснована на традиционални техники за одгледување на растенија
  • Високопродуктивни семиња од партнерите за семе на BASF

Неселективни производи на хербицид

  • Широк спектар на хербициди ефективни по појавата на плевелот
  • Хебрициди специјално и регионално приспособени за култури

Clearfield® систем за производство

Clearfield® обезбедува широка контрола на плевел кај маслодајна репка

BASF и компаниите за семе соработуваат како партнери во развојот на Clearfield® системот за производство. Додека компаниите за семе се фокусирани на развојот на Clearfield® хибриди, BASF е фокусирана на развојот на хербициди од широк спектар. Clearfield® хибриди толерантни на хербициди се развиени со конвенционални методи на одгледување коишто се користат ширум светот повеќе од 80 години. Поголемиот дел од денешното снабдување со храна се извршува со помош на оваа форма на одгледување на растенија. Clearfield® хербицидите се приспособени на регионалните услови, обезбедувајќи ефективна контрола на плевелот во текот на целата сезона, вклучувајќи ги и плевелите коишто тешко се контролираат, како и подобрен квалитет на културите.

Clearfield® е достапен во многу земји за маслодајна репка/канола, сончоглед, ориз, пченка, пченица и леќа. Првпат беше воведен во 1995 година за канола. Clearfield® производите се достапни во Северна Америка, Јужна Америка, Јужна Африка, Азија, Западна Европа, Источна Европа, Русија и Украина.

Како работи Clearfield®

Елитни сорти на семиња се развиени за да се толерираат Clearfield® хербицидите за културите да преживуваат, а плевелите да се контролираат. Тековните Clearfield® култури, пченка, маслодајна репка, канола, ориз, сончоглед, пченица и леќа, се развиени со користење на подобрените методи за одгледување на растенија. Clearfield® е еден од неколкуте системи толерантни на хербициди, признаени како нетрансгенски од страна на меѓународните власти. На овој начин земјоделците располагаат со ефективна агрономска алатка, како и со саканото прифаќање на глобалниот пазар. Ова се постигнува со комбинирање на културите коишто се толерантни на имидазолинони, хемиско семејство составено од шест активни состојки, од коишто секоја контролира различен спектар на плевел.

Неколку производи се нудат под брендот Clearfield®. Секоја формулација е специјално наменета за да обезбеди исклучителен контакт и активност на почвата за широк спектар, максимална контрола на видовите на плевел за коишто постои голема веројатност да бидат присутни кај специфичните култури во секој регион, додека продолжуваат да нудат флексибилност на ротација на културите.

Придобивки за земјоделците и животната средина

Clearfield® е иновативно агрономско решение коешто е ефективно против голем број видови плевел. Приспособено е на сите системи за обработка на почвата. Конкретно, без системи за обработување, корисно е за животната средина и за земјоделецот преку помала ерозија на почвата, намалена загуба на влага, помало нарушување на корисните инсекти, намалена потрошувачка на енергија и помали емисии на јаглерод. Clearfield® хербицидите се наменети да се применуваат по појавата, често со само една примена, обезбедувајќи ефективна контрола на плевелот од садење до жетва. На овој начин има помалку поминувања низ полето, помалку часови на машината, помала потрошувачка на гориво, намалена набиеност на почвата и намалена ерозија.

Управување со Clearfield® производот

BASF и нејзините партнери имаат развиено пристап за управување со којшто се поддржуваат барањата на најдобрите земјоделски практики и одржливото земјоделство. На пример, мерките за управување вклучуваат избегнување на постојаната употреба на Clearfield® на истата земја, ротација на културите коишто користат хербициди со различни начини на дејство и правилно управување со плевелите во последователните култури. Овие мерки се спроведени за да се одржи толеранцијата на хербицидите на Clearfield® културите, да се избегне отпорноста на плевелот и да се минимизира ризикот од несакани семиња коишто инаку не се контролираат во последователните култури. Управувањето е важен чекор во заштитата на постојаната вредност и одржливоста на Clearfield®.

* Clearfield® не е достапен за продажба во сите земји. Контактирајте со локалниот тим на BASF за достапност во вашата област. Безбедно користете ги производите за заштита на растенијата. Секогаш читајте ја етикетата и следете ги сите упатства за употреба.

Top