Земјоделски решенија

Земјоделство и заштита на култури

Контакт

Решенија за семиња - Вашите очекувања и нашите иновации

Генијални решенија што ги зголемуваат резултатите на семињата – решенијата ни се дизајнирани да ја деблокираат генетската сила и потенцијал на секое семе и да ги зголемат перформансите на семето, расадот и растението. Ова го правиме така што на одгледувачи како вас им нудиме портфолио со третмани за семиња и подобрување на семињата за да се прошири прозорецот за заштита на растението, да се подобри силата на растението, да се зголеми ефикасноста на производот и да се максимизираат ресурсите на растението за да се зголеми ефикасноста на производство.

Од денешните најнапредни биолошки алатки од помош за културите, инокуланти, функционални облоги, обојувачи како и традиционални процеси применети на семињата на културата до утрешните иновации, нашиот холистички пристап го подобрува вистинскиот потенцијал на семето од засадување до жетва. Ова ги вклучува позитивните ефекти за виталноста на семињата, што ги сумираме под името на марката AgCelence®.

Примери за производи со решенија за семиња:

Flo Rite® - го оптимизира протокот на семиња и задржувањето на активните состојки во текот на третманот на семињата и процесот на садење.

Vault HP® - единствениот биофунгициден производ со вградена компонента за спречување болести и за подобрена архитектура на коренот и за намален стрес на растението.

Integral®- најдобар биолошки фунгицид за примена кај семиња за проширен спектар на заштита против болести предизвикани од почвата, подобрена архитектура на коренот и намален стрес на растението.

Со комбинирање на иновативната заштита на културите, придобивките и најмодерните формулации на AgCelence® , решенијата за семиња на BASF резултираат со напредни производи за подобрување на семињата што е гаранција здравите семиња да израснат во здрави култури.

Технолошки центри

Нашата мисија и визија

Нашите лаборатории за семиња

Размена на знаење

Вредност за клиентите

Top